| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени 52 ваучери за новороденчињата од Кисела Вода

Во општина Кисела Вода денеска беа доделени ваучери за еднократна парична помош во висина од 6.000 денари на семејства со новороденчиња на подрачјето на општината. Беа доделени вкупно 52 ваучери за новороденчиња, од кои 26 за машки, а 26 за женски деца.

Одлуката за доделување на еднократна парична помош е донесена од страна на Советот на општината на 20 јуни годинава по лична заложба и предлог на градоначалникот.

– За неполни четри месеци доделени се преку 100 ваучери за еднократна парична помош за новороденчиња. Овој проект кој започна да се спроведува во вистинско време ќе продолжи се до крајот на истекот на мојот мандатот. Да ви се живи и здрави, големи да растат. Ви посакувам да се гордеете со нив, а покрај вас и ние како општина – порача градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ честитајќи на родителите.

Упати јасна порака дека општината Кисела Вода се грижи и натаму ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители.

Истовремено, ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација од двајцата родители или од еден родител доколку се работи за самохрани родител, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓањето на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top