| четврток, 6 декември 2018 |

Мис Македонија во опасност од терористички напад

Под засилени мерки за безбедност заради многуте закани и протести на исламистите, се одржува финалето на најголемиот избор за мис на светот кое започна пред еден час. Исламистите  манифестацијата „Мис свет 2013“ ја прогласија за натпревар на проститутки.

Помеѓу 127 -те претставнички на земјите од светот е и нашата Кристина Спасеноска. За безбедноста на кандидатките и сите присутни на големото финале кое се одржува во летувалиштето Нуса Дуа, во јужниот дел на индонезискиот остров Бали, се грижат 675 полицајци.

Полицијата засега тврди дека не забележала ништо особено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top