| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец со месеци крадел од студентите од „Пелагонија“

238 000 денари одзел 44-годишниот крадец од студентскиот дом „Пелагонија“. Полицијата денеска поднесе кривична пријава против скопјанецот М.Х., поради сомнение дека извршил 10 кражби.

Како што информираат од МВР, крадецот „оперирал“ во домот од февруари до јуни годинава, и од собите на студентите крадел паричници, мобилни телефони, лап-топ компјутери, а потоа, ги продавал на непознати лица во скопска Кисела Вода.

Во обид да ја изврши и својата 10-та кражба во „Пелагонија“, бил премногу бучен и разбудил еден од студентите кои спиеле во домот. Студентот пријавил во полиција, а полицијата го уловила упорниот крадец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top