Советот за безбедост на ОН синоќа едногласно изгласа резолуција за евидентирање и уништување на арсеналот од хемиско оружје на сирискиот режим на Башар ал Асад.
Гласањето по две недели интензивни преговори значи важен дипломатски пробив во парализата што го имаше зафатено Советот, откако почна сирискиот конфликт во март 2011 година, забележуваат американските медиуми.
Русија и Кина пред ова гласање ставаа вето на три предлог резолуции што беа поддржани од Западот, а со кои се инсистираше сирискиот режим да го прекине насилството.
– Денешната историска резолуција е првата ветувачка вест за Сирија по долго време – рече генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, на заседанието на Советот за безбедност, непосредно по гласањето, додавајќи – Вечерва меѓународната заедница ја исполни својата мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)


