Грчката полиција го уапси лидерот на радикално десничарската партија „Златна зора“, Николаос Михалолијакос, под обвинение дека формирал криминална организација.
Воедно упасен е и уште еден пратеник на „Златна зора“, Илијас Касиријадис, соопшти тамошната полиција.
– Генералниот секретар и еден пратеник на партијата „Златна Зора“ беа уапсени кратко време откако налозите за апсење беа издадени – рече грчката полиција во текст порака.
Апсењата и налозите доаѓаат во време на гнев поради убиството на на антифашистичкиот музичар, Павлос Фисас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


