| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците се кренаа за Ацо Конга – жири сметка сѐ уште се чека

Безброј повици за поддршка, помош нуди кој колку може, но на бројот на жиро сметката сѐ уште се чека. Поминаа само 15 часа откако пејачот Јоце Панов, пријател на познатиот музичар Ацо Конга преку социјалните мрежи ја повика Македонија да му помогне тој да ја добие соодветната терапија, но заинтересираноста е огромна.

Веста дека музичарот останал без едната рака поради здравтствените проблеми ја потресе јавноста, која го знае Ацо како еден од највеселите клубски музичари и како првиот човек кој ги популаризира конгите во Македонија.

Јоце само апелира луѓето, колку и тоа да е доброамерно, да не му се јавуваат на повредениот музичар Ацо Конга, бидејќи во моментот најпотребен му е мирот.

Сметката каде што ќе можи да се донираат средства се очекува секој момент. Да не остане само на зборови и да не испадне секое чудо за три дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top