Според очевидци на настанот некоја жена на својата тераса од семејна куќа, која се наоѓала на втори кат, во импровизирана летна кујна ставила да зготви ручек. Најверојатно од невнимание, избувнал пожар кој поради збиеноста на градбите во тој дел од градот, веднаш се проширил и на соседните две-три куќи, јави дописникот на Вечер.
Пожарникар е потешко повреден при обид со својата екипа да го локализира пожарот кој избувнал вчера во строгиот центар на Штип. Како што првично дознаваме, од извори од полицијата, пожарот од засега неутврдени причини избувнал во една од куќите кои се наоѓаат во центарот на градот, позади трговскиот центар.
“Гаснењето на пожарот е во тек, единствено што можам во оваа фаза да ви кажам се само првични информации, а тоа е дека од огнените јазици биле зафатени две куќи”, изјави вчера за Вечер портпаролот на Штип, по што ни ја потврди и информацијата дека при обидот да се локализира пожарот бил повреден еден пожарникар.
Како што ни пренесе нашиот специјален известувач од Штип пожарот избувнал околу 14 часот, во кој првичните информации говорат дека целосно била пеплосана една куќа, а опожарени уште две.
Според очевидци на настанот некоја жена на својата тераса од семејна куќа, која се наоѓала на втори кат, во импровизирана летна кујна ставила да зготви ручек. Најверојатно од невнимание, избувнал пожар која поради збиеноста на градбите во тој дел од градот, веднаш се проширил и на соседните две-три куќи.
Полициски екипи и противпожарни возила веќе се на терен и се справуваат со огнената стихија. До затворање на весникот, пожарот беше целосно локализиран по што се чекаше почеток на увидот заради утврдување на причините за несреќата.
Како што пренесува нашиот специјален известувач, пожарот најверојатно земал и жртва. Според говорењата на очевидци на настанот, во целата паника кога пламнал огнот, во близина на куќите на бандера работел вработен во Дистрибуција, кој обиколен од пламените јазици паднал директно во оган.
Како што дознаваме во пожарот изгорела и куќа која неодамна целосно била реновирана, а нејзиниот газда требало наскоро да прави свадба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



