За околу 2 минути премиерот Никола Груевски ќе се обрати на 68. Заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според листата на говорници што е објавена на интернет-страницата на Светската организација, македонскиот премиер е 22 говорник, а шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос е 28-ми.
Овде може да се гледа обраќањето на Груевски на македонски јазик на програмата на МТВ 1.
Предвидено е утре Груевски да има средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Претходно, средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Попоски и Венизелос заврши без многу оптимизам.
„За сè друго можеме да бидеме партнери, но за спорот меѓу нас се планини“, напиша Попоски на социјалната мрежа „Твитер“ по средбата. Венизелос, пак, кратко соопшти дека на Попоски му ги пренел грчките црвени линии што претходно му ги кажаа на посредникот Метју Нимиц.
Овде гледајте го обраќањето н а Груевски во живо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


