| четврток, 6 декември 2018 |

Со бугарски пасош без виза во Канада?

bugarski pasosh

Укинувањето на визите за Бугарите, кои патуваат во Канада, била главна тема на средбата на бугарскиот министер за надворешни работи, Кристијан Вигенин со министерот за надворешни работи и меѓународна трговија на Канада, Џон Берд.

Двајцата колеги разговарале во рамките на учеството во 68-та сесија на Генералното собрание на ОН, соопшти бугарскиот прес-центарот на МНР.

Вигенин изјавил дека меѓу двете земји нема отворени прашања и односите бележат позитивен развој. Тој го поздравува и отворањето на канадскиот визен центар во Софија, истакнувајќи ја желбата на Бугарија за укинување на визниот режим за патување на бугарските граѓани.

Во моментов од земјите од ЕУ, само Бугарија, Чешка и Романија имаат визни ограничувања, пишуваат бугарските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top