| четврток, 6 декември 2018 |

Подигнат споменик на албански војници во струшко – градоначалникот дал усно одобрение?

teferic spomenik

Со албанска химна и знамиња по повод 100 годишнината од македонско албанското востание против српскиот окупатор во 1913 година, месното население од Радолишта и Теферич самоволно без одобрение за градба денеска ја откри спомен плочата испишана на албански јазик ,а поставија и уште други три спомен плочи во чест на албанската војска исто така без дозвола, јави допиникот на Сител.

И покрај тоа што војувале рамо до рамо со македонците сепак истите не се споменати на плочата во струшко Теферич.

Од струшкиот музеј потенцираа дека станува збор за црковно место каде во минатото имало крст сепак претседателот на месната заедница на организациониот одбор на Радолишта и Теферич Ајро каде живее муслиманско население го негира овој податок .

На свеченоста струшкиот градоначалник Села не се појави но пушти свој претставник а беа присутни поранешниот градоначалник Мерко, претседателот на струшката ДПА и претседателот на Академијата на науки и уметности од Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top