| четврток, 6 декември 2018 |

Ферари со 25 илјади долари такси сметка за превезувањето на Вебер

Во Ферари, и покрај лошата сезона, покажаа дека ја немаат загубено смислата за хумор. На мета на нивната шега се најде возачот на Ред Бул, Марк Вебер.

Германскиот весник „Билд“ пишува како од Ферари му испратиле на Вебер сметка за такси услуга откако по завршувањето на трката во Сингапур, Алонсо го префрли Австралијанецот до боксот.

Како потсетување, Марк Вебер поради дефект мораше да ја заврши трката во последниот круг, Алонсо го виде и го качи на билидот.

Вебер поради казната цела недела го изразува своето незадоволство од таквата одлука, а од тимот на Ферари го искористија тоа за да се пошегуваат со него.

Му пратиле сметка за возење од 25 илјади долари и плус 2.500 долари бакшиш. Се чека неговата реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top