| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена е РФМ

rfm250Просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), изминатата ноќ биле ограбени. Грабежот бил пријавен утрово во 9 часот.

Според полицијата, непознат сторител во текот на ноќта, со насилно отворање на влезната врата, влегол во просториите на РФМ, кои се наоѓаат на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и успеал да украде еден телевизор.

По сторителот или сторителите се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top