Полициски сили што го обезбедувале патот по кој требало да мине турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, синоќа биле цел на напад со огнено оружје.
Полицијата открила седум празни чаури на мост, што се наоѓа на патот меѓу домот на Ердоган во истанбулскиот кварт Ускудар и аеродромот „Сабиха Ѓукчен“, каде што слетал приватниот авион на премиерот околу полноќ.
Турската полиција презела голема истрага за откривање на лицето или лицата одговорни за пукањето.
Се претпоставува дека истрелите дошле од улица под мостот на кој се наоѓале безбедносните сили.
Точно по инцидентот по патот минал премиерот Ердоган, кој пристигнал во својот дом под засилени безбедносни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



