| четврток, 6 декември 2018 |

Српската пејачка Леонтина ќе пее за Македонија на Евросонг

leontina

Српската пејачка Леонтина Вукомановиќ ќе биде втората придружничка на нашата евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ, пишува „Вечер“.

– Леонтина и сестра ми Тамара ќе ми ги пеат придружните вокали – рекла Тијана, а потврдила и пејачката.

Leontina-Vukomanovic-4

Тијана и Леонтина се најдобри другарки, постојано се заедно на сите јавни случувања во српската престолнина, каде што Тијана живее долги години, а освен тоа, пејачките планираат и соработка. Тоа значи дека српската пејачка ќе ги брани боите на Македонија следната година на 59. „Евровизија“ во Копенхаген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top