| четврток, 6 декември 2018 |

Кој во која временска зона е и зошто? (Видео)

Тим на шпански парламентарци препорачаа државата да исчекори наназад и да го врати загубениот час, па да тргне кон иднината по средноевропско време по Гринич, исто како Британија, Мароко и Мали. Се очекува извештајот на Државната комисија за рационализација на работните часови да добие поддршка. Но што е со остатокот од светот кој што се наоѓа „во погрешна временска зона“, прашува Гардијан

market 2Маркет: Малиот ненаселен остров со големина на 0,03 квадратни километри е поделен на две временски зони, исто како што е поделен меѓу Шведска и Финска. Додека Финците да го изградат светилникот, сфатиле дека е во „туѓа територија“, па временската линија изгледа како лавиринт.

Иран: Разликата во времето по Гринич не е искажана во цел час – па Иран е 3 часа и 30 минути пред британското време. Ниедна друга околна држава не ја споделува таа мерка.

Самоа: Последната земја што „патуваше низ времето“. Во 2011 година, 186.000 Самоанци сменија и час и датум. Имено, откако во 1892 година Американците им го усогласиле времето со Американска Самоа заради трговијата, сега главен партнер им се Австралија и Нов Зеланд. Затоа, 119 години потоа, една ноќ Самоанците си легнаа во четврток навечер, а се разбудија во сабота наутро. Државата им ја плати дневницата и за прескокнатиот петок.

070726_you-and-me-analogue-clockАргентина: Технички, според поставеноста, Аргентина треба да е четири часа зад Гринич, но на државата ѝ требаше половина век премислувања меѓу -3 и -4 часа, а потоа уште две децении со премислувања меѓу -3 и -2 часа. Од 1993 година дели иста временска  зона со Уругвај и со Суринам со 3 часа доцнење зад Гринич.

Антарктик: според учебниците, континентот треба да има 24 часа, бидејќи е центар на спојување на сите зони. Во практика  има десетина – колку што и држави имаа побарување врз делови од територијата.

И доколку временските зони се една прикаска, пресметувањето на летното и на зимско време со плус-минус еден час е друга. За да не се објаснуваме, погледнете го видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top