Младиот Марио Балотели го послуша својот тренер Масимилиано Алегри и се извини за своето неприфатливо однесување на натпреварот помеѓу Милан и Наполи, кога доби црвен картон поради приговор.
-Жал ми е за соиграчите. Тренираат и напорно работат заедно со мене, а јас со моето однесување ги разочарав. Се чувствувам крив и поради навивачите кои се стално со нас. Му се извинувам и на судијата, не требаше така да реагирам. Против Наполи се повторува истата приказна, прекршоците над мене не се рачунаат, а штом јас направам нешто одма се суди. Само сакам другите да бидат казнети за прекршоците над мене, како што сум и јас казнет за моите- вели Балотели и додаде:
– Грешам кога ме провоцираат. Марио направи грешка и Марио се извини, но не сакам да им се извинам на сите, не убив човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.