| четврток, 6 декември 2018 |

Касилјас го напушта Реал

Јавна тајна е дека Касилјас е незадоволен со неговиот статус во Реал и дека не сака веќе да биде замена за моментално првиот голман на кралевите Диего Лопез.

Претседателот на Реал се договорил со славниот голман дека може да го напушти тимот наредното лето, без да му прави проблеми, но мора да ја напушти Шпанија бидејќи ниеден  шпански клуб не доаѓа предвид, а при тоа се мисли пред сѐ на ривалот Барселона.

Според информациите што доаѓаат од Шпанија, Икер Касиљас и Флорентино Перез склучиле пакт да не се напаѓаат меѓусебно.

Минатата сезона во гардеробата на Реал беше многу бурно. Касилјас беше скаран со Мурињо како и со половина тим. Караниците на ѕвездите од Реал траеа со месеци, а Касилјас беше посочен дека тој е кртот за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top