
Дравжниот врв на Србија донел одлука да се дозволи одржување на Парадата на гордоста, објави српски „Данас“ повикувајќи се на свои извори. Весникот, сепак, пишува дека не е невозможно владата на чело со премиерот Ивиза Дачиќ и потпретседателот Александар Вучиќ да ја променат одлуката, која треба дефинитивно да биде соопштена денеска попладне.
Пред да биде донесено решение за одржување на парадата на хомосексуалците, полицијата ја завршила безбедносната проценка, која била „благо позитивна“.
Според „Данас“, еден од најважните индикатори кои покажуваат дека Србија сериозно се подготвува за парадата е дека во западните амбасади почнале подготовки за изработка на план за доаѓање и за заминување од настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


