Околу 10 илјади евра штета претрпел И.Ф.(40) од Доброште, Теарце, во пожарот кој што избувнал во неговата плевна. Од пожарот целосно изгорела дрвената конструкција и покривот на плевната, како и 300 бали детелина, 180 бали слама, 10 кубни метри буково огревно дрво, една мелница за пченка и неколку алатки.
Се уште се работи на откривање на точните причини и сите детали околу овој пожар.
Напомнувајќи дека во изминатите два месеца во полошкиот регион биле забележани неколку пожари во плевни, од СВР Тетово апелираат до сопствениците на ваквите објекти да посветат особено внимание на електричната инсталација и да не користат електрични апарати или да влегуваат со запалки и опушоци во плевните доколку во нив имаат сточна храна, пченка или слама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


