Странските работници кои се ангажирани да работат на изградата на инфраструктурата и на објектите за потребите на Светското првенство во фудбал, во 2022 година во Катар,се изложени на експлоатација и понижување, пишува лондонски „Гардијан“. Според весникот Непалците кои работат на проектите за првенството,се експлоатирани и изложени на насилтво,што е „рамно на ропство во модерно време“. Само во периодот меѓу почетокот на јуни и 8 август,умреле дури 44 работници,како последица на преголемата изложеност на високите температури во овој период од годината,како и во разни инциденти на работното место. Непалците се жалат дека не се платени „со месеци на ред“, дека платите често пати им се задржуваат и дека им се одземени пасошите за да се ограничи нивното движење и патување. Некои непалски работници се пожалиле дека нема доволно,или воопшто вода за пиење на градилиштата.Организаторите на Светското првенство реагираа со „вчудоневиденост“ и неверување на пишувањата на „Гардијан“, но ветија дека ќе бидат истражени сите обвинувања изнесени во весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


