Не е доволно дека и е полусестра-Ешли Хорн имала 5 пластични операции за кои дала 25 илјади долари за да личи на неа. Полусестрата на актерката и пејачка Линдзи Лохан, а иако не се во никаков контакт, 18-годишната девојка сака да изгледа како неа.
– Мојата цел е да изгледам како Линдзи во нејзините најдобри денови, кога имаше 18-19 години – изјавила Ешли за „In Touch“.
Нејзината мајка Кристи имала афера со таткото на Линдзи, Мајкл Лохан додека се уште бил во брак со денес веќе бившата жена Дина.
– Изгледам подобро од Линдзи, не ми е проблем тоа да го речам – рекла Ешли. Сепак, инсистира дека, иако наликува на бунтовната Линдзи, по карактерот воопшто не се слични.
– Јас не сум Линдзи. Не израснав во тоа семејство. Не пијам, не се дрогирам и не одам по забави. Јас сум одговорна личност – заклучила Ешли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


