| четврток, 6 декември 2018 |

Синдикатот брани- работниците бараат да работат во неделите

Dinner_in_the_Sky_Paris1Судот во парискиот регион Бобињи нареди два синџира на продавници за градежни материјали да ги затворат 15те супермаркети во парискиот регион. Спротивноќе треба да платат 120 илјади евра по продавница која ќе работи в недела.

Неодамна беше осудена и продавница за парфени и козметика, бидејќи работела ноќе на Елисејските полиња.

Судот сега постапѕува по жалба на друг синџир кој реагирал на работата на овие маркети, откако самиот бил казнет да не работи в недела, со што прометот им опаднал за 24 птоценти и биле затворени над 200 работни места.

Всушност синдикатите се борат недела да не е работен ден, додека вработените сакаат да работат заради финансиската надокнада која изнесува околу 300 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top