| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем сака да го купи Нијанг од Милан

Англиските медиуми шпекулираат дека Тотенхем е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Милан, М’Баје Нијанг

105607855-3dd89dc9-2bd0-45b8-aa3e-b13f3e704920

Младиот фудбалер на Милан има само 18 години и е еден од играчите на кој му се предвидува блескава кариера. Иако во летниот преоден рок потрошија преку 100 милиони фунти, сепак тоа не ги спречува челните луѓе на Тотенхем да бараат нови засилувања.

Нијанг во клубот би можел да пристигне како замена за Дефо или Адебајор кои најверојатно ќе заминат во јануарскиот преоден рок.

Од друга страна италијанските медиуми пред извесно време пишуваа дека младиот фудбалер е незадоволен од минутажата во Милан, нешто што секако оди во прилог на Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top