Во рамки на превентивно-едукативниот проект „Безбедни училишта-хармонична средина“, на градските плоштади во Тетово и во Гостивар беше организирана музичка забава и обраќање на учениците од средните училишта.
Носители на проектот се локалните самоуправи, Секторот за внатрешни работи во Тетово и мисијата на ОБСЕ, а манифестацијата ја следеа министрите за внатрешни работи и образование Гордана Јанкулоска и Спиро Ристовски.
Статистиката покажува дека во текот на минатата година, МВР регистрирало повеќе од 150 случаи каде што во насилство директно биле вклучени ученици.
– Кон насилство прибегнуваат само оние што ја изгубиле силата на аргументите. Кај младите има доволно простор за дебата, а тоа е единствениот начин на кој треба да се надминуваат сите ситуации на недоразбирање. Минатата година МВР регистриравме настани каде што во насилство беа инволвирани ученици од школска возраст, најмногу во Скопје, а потоа следуваат Тетово, Битола и Охрид. Овој проект има цел да ја надмине таа проблематика – рече Јанкулоска во Гостивар.
Манифестации со слична содржина во рамки на проектот денеска се случија во повеќе градови во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи