Управата за јавни приходи (УЈП) ја почна најголемата контрола во делот на фискализацијата досега, информираат од Управата. Како што се најавува, без исклучоци, во сите градови и општини, и најмала „пиљара“ ќе биде контролирана од даночниците.
На терен работат и мобилните екипи на УЈП од 150 даночни инспектори кои од почетокот на септември затворија 21 деловен објект во Велес, 41 во Струмица, 23 во Гевгелија, 29 во Куманово, 69 во Скопје, 19 во Тетово, 20 во Прилеп или вкупно 222 дуќани.
„Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти – дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација. Ја информираме јавноста и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и каква било конотација на работата на даночните служби, дека Управата ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноците“, информираат од УЈП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство