| четврток, 6 декември 2018 |

Свекрвата е добра за здравјето на бракот

Колку и понекогаш да ви одат на нерви, можеби е време да престанете да ги избегнувате родителите на вашиот партнер.

Истражување на Универзитетот „Дикин“ во Австралија утврди дека почестите контакти со родителите на партнерот го зацврстуваат бракот.

– Двојките што редовно се состануваат со свекрвата или со бабата, имаат два блиски извора на мајчинска поддршка. Само блиските семејни односи резултираат во среќа и задоволство – заклучи водечкиот истражувач д-р Мелиса Бејберг.

Иако често ни се чини дека родителите на партнерот не се баш на наша страна, не е сè е толку црно. Истражувањето покажало дека повеќето луѓе, всушност, сакаат да поминуваат време со родителите на својот партнер и дека нивното влијание им годи, но тоа не сакаат да го признаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top