ГРОМ, партијата, чијшто претседател е градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, најави дека в сабота ќе го одржи своето основачко собрание.
– Сакам да ве известам дека досега 1.100 наши симпатизери и приврзаници имаат потпишано нотарски заверени изјави со кои потврдуваат дека учествуваат во основањето на нашата партија ГРОМ. Изминатиот временски период многу граѓани ни пристапуваа и се интересираа за новата политичка опција, досега имаме 13.000 членови, очекуваме дека тој тренд на пораст ќе продолжи и ние полека, но сигурно наредниот период ќе се подготвуваме за изборите во март наредната година – рече лидерот на партијата Јакимовски.
На oсновачкото собрание ќе бидат усвоени статутот и програмата на партијата, ќе биде избран Централен и Извршен одбор, како и претседател на партијата, а на 30 септември, според најавите на Јакимовски, ќе биде поднесена потребната документација за регистрација на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.