– Сопствениците на инфраструктурни објекти навреме да ги достават податоците за подземните и надземните инсталации заради воспоставување на подземниот катастар, а геодетските фирми што ќе ги вршат мерењата што поскоро да ја набават потребната опрема, апелираше директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на обуката што се спроведува за воспоставување на подземниот катастар пред претставници на приватни компании, јавни претпријатија, општини и геодетски фирми.
– Обврската на сите иматели на инфраструктурни објекти е до април сите податоци што ги имаат во нивните бази да ги достават до Агенцијата за катастар на недвижности за да бидат евидентирани. Законската обврска за добивање имотен лист е пет години од донесувањето на законот, односно до 2018 година, изјави Трпески.
Според него, со цел да се воспостави катастарот неопходно е што поскоро да почне премерот затоа што ќе треба да бидат опфатени милиони километри инфраструктура. Затоа сакам да ги повикам овластените геодети односно трговските поединци да ја набават потребната опрема. Некои веќе почнале со набавка, така што се е подготвено да почне постапката и е добро да се испочитуваат законските рокови. Ако не се испочитуваат тогаш следуваат санкциите, нешто што најмалку го посакуваме, нагласи Трпески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД