| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ја запроси кога ќе му направи 300 сендвича

Во последните 24 часа се зборува за жената која направи блог кој се вика триста сендвичи, а веќе го пренесоа сите светски интернет портали.

Се работи за една новинарка од „Њу Јорк Пост“ Стефани Смит, која даде до знаење дека нејзиниот дечко ќе и даде свршенички прстен ако таа му направи 300 сендвича.

Нејзината приказна многу ја оценија како старомодна и шовинистичка, но никој не сфатил дека е тоа сарказам.

Во нејзиниот текст стои дека едно утро кога станала решила да му направи сендвич. Кога го изел и последниот залак неговиот дечко рекол дека таа е одалечена 300 сендвичи од свршенички прстен. Тоа ја натерало да го прифати предизвикот, и на блогот напишала ако сака 300 сендвича јас ќе му направам толку.

Моментално е на сендвичот број 176.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top