| четврток, 6 декември 2018 |

Над 280 расни напади во Грција

h_51014821Од јануари 2012 година, па до април 2013 година, во Грција се регистрирани 281 расно мотивирани напади во кои загинаа четири лица, а околу 400 беа повредени, соопшти грчкиот народен правобранител Калиопе Спану.
– Порастот на расистичкото насилство, неказнувањето на напаѓачите и нереагирањето од страна на државните органи, ги поткопуваат социјалната кохезија и основите на државноста – нагласи Спану пред пратениците во грчкиот парламент.
Таа нагласи дека од вкупно 281 случај на расно мотивирани насилства пријавени во најзината канцеларија, во 71 били инволвирани членови или сипатизери на неонацистичката партија Златна зора, а во 47 биле вмешани и полициски службеници.
Спану во обраќањето повика и на создавање официјален регистар на лица инволвирани во активности со расистичка заднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top