Македонската поп-дива, како што ја нарекуваат хрватските медиуми, со нејзиниот нов албум „Мелем“ почнува голема концертна турнеја.
Турнејата, која ќе трае од 23 октомври до 20 ноември, почнува во Тузла, Босна, потоа оди во Сараево, Зеница.
Калиопи на концертите ќе го испее своето најдобро од долгогодишната и богата кариера. Публиката ќе има можност да чуе некои од старите хитови, но и песни од новиот албум „Мелем“, по кој и турнејата го доби името.
– Со нетрпение чекам да почнеме со концертите бидејќи тоа е момент кога сум најблиску со публиката и можеме да си пренесеме магија која не може да се пронајде на албумот. Јас сум среќна жена и сакам мојата среќа да им ја пренесам и на други, но, од друга страна, можеме и заедно да заплачеме кога песната го бара тоа – вели Калиопи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.