| четврток, 6 декември 2018 |

Пијалоци од кои децата стануваат поглупи

Швајцарските научници се посветија на докажување на теоријата дека одредени пијалаци може да влијаат негативно врз развивањето на мозокот за време на растењето. Кафето, газираните пијалаци и енергетските напитоци полни со кофеин навистина влијаат негативно.

Газираните пијалаци полни со кофеин спречуваат децата и адолесцентите цврсто да заспијат, што резултира со побавен развој на мозокот. Ова е критично време за мозокот бидејќи проблемите со развојот можат да доведат и до шизофренија, анксиозност, употребување наркотични средства и пореметување на карактерот, се вели во истражувањето.

Опасно е внесување на 300-400 мг кофеин на ден. Сликовито прикажано – четири лименки на енергетски напитоци, 3-4 филџани кафе, 4-5 чаши газиран сок со кофеин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top