Утринава маскирани разбојници заканувајќи се со пиштол ја ограбиле бензинската пумпа на „Макпетрол“ на автопатот Скопје – Гевгелија.
Разбојниците околу три часот утирнава ја нападнале бензинската пумпа на „Макпетрол“ во близина на селото Долно Каласлари. Еден од маскираните разбојници со пиштол му се заканил на вработениот, 37-годишниот Н.М. од Велес и од касата одзл 85.000 денари, по што избегале, информираше МВР.
Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.