Уште една катна гаража наскоро ќе започне да се гради во централното градско подрачје, во близина на зградата на поранешна НИП “Нова Македонија”. Од Општина Центар најавија дека камен-темелникот на новата катна гаража ќе се постави до средината на наредниот месец. Парите за изградба на катната гаража ќе ги обезбеди општината, а засега не се oткрива детали за фирмата што ќе ја гради.
Според најавите од општина Центар, се очекува и оваа катна гаража да биде во стилот на Скопје 2014 и да има стилска фасада. Катната гаража ќе има седум ката, а освен паркинг-простор со капацитет од 190 возила, ќе има и деловни објекти.
Инаку, претходно беше најавено дека ќе се градат и три подземни гаражи во центарот на градот. Едната ќе биде спроти поранешната сендвичарница Кинг бургер, втората зад Собранието на РМ и третата во градскиот парк. Иако бројот на катни гаражи постојано се зголемува, проблемите со паркирањето во главниот град остануваат нерешени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.