| четврток, 6 декември 2018 |

Одглавувал заглавен лифт: Загина мајстор во катната гаража „Солунски конгрес“

Вчера во 17.50 часот во Скопје, при изведување на работи на лифт во катната гаража „Солунски Конгрес“, загина М.В. (57) од Скопје. Во обид да го одглави лифтот за автомобили, кој бил заглавен на осмиот кат, работникот се лизнал и паднал.

Од страна на Итна медицинска помош бил пренесен на КАРИЛ, каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по животот. Ноќта во 01.15 часот М.В. му подлегнал на повредите.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top