Алина (29) во ноември, родила девојче, пишува „Њујорк пост” и додава дека тие веќе имаат тригодишен син.
Руските медиуми не напишаа ниту еден збор со кои за да се стави до знаење дека тоа е дете на Путин, додека од американскиот весник велат дека информациите ги добиле од доверливи извори.
Руските медиуми се чини дека ја научија лекцијата од 2008 година. Тогаш весникот “Москва дописник” објави приказна за свршувачката на Путин со Кабајева, но приказната брзо беше повлечена, а сопственикот на весникот беа целосно укинат.
Инаку, сопругата на Путин, Људмила, јавноста не ја видела од претседателската инаугурација која се случи пролета.
Медиумите шпекулираат дека информации дека Путин и Алина ги испратиле своите две деца на престој во Сочи, и дека Људмила се “заклучила” во куќа на границата со Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.