Пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу гo искина предлогот на Програмата за одбележување јубилејни настани и значајни личности за 2013-та година и го фрли кон претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пренесе А1он.
Според Фазлиу, ДПА е незадоволна од изборот, но и од културните настани кои се предвидени за Албанците во Македонија и ја обвинија ДУИ за тоа што ги нема значајните датуми за Албанците. Инаку, во програмата се предвидени околу 10 одбележувања на имиња од албанската култура.
– Oва што го правите е потсмевање со Албанците. Тоа е навреда за нив. Затоа, оваа програма е со поминат рок и не заслужува воопшто да се дискутира за неа. Срам за Албанците, но и срам за вас, затоа што дозволувате да се расправа за работи кои се веќе завршени, рокот им е поминат, изјави Фазлиу.
По ваквото однесување на пратеникот на ДПА, претседателот Вељаноски предупреди дека кога се излегува и зборува на говорница, пратениците не треба да се натпреваруваат со глупости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



