Јавноста нема да дознае врз основа на кои докази се уапсени и ќе им се суди на осомничените во случајот „Шпион“.
Портпаролот на Кривичниот суд, судијата Владимир Туфегџиќ, вели дека затвореноста на судењата ќе биде неопходна, со оглед на тоа што најголем број од материјалите се со одреден степен на тајност.
На сите докази што ќе бидат изведени во постапката претходно ќе им биде симната тајноста, но сепак за нив единтвено ќе може да се говори во судница.
Се додека доказите се водат како класифицирани, тие нема да бидат достапни ниту за адвокатите, освен за оние кои имаат безбедносен сертификат.
Со кривичната пријава што ја поднесе МВР, 20 лица се осомничени за шпионажа, злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, уцена и измама.
Седумнаесет од нив се во притвор, а тројца се уште не се достапни за органите на прогон.
Како организатор на групата е осомничен поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, а меѓу останатите има и познати личности за јавноста.
Истрагата треба да финишира со обвинение најдоцна за 6 месеци од нивните апсења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



