| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА: Во Дејтон како да се снимаше „Кум“

dejtonski miroven dogovor_600_350Во документите на ЦИА од кои е симната ознаката „доверливо“, пишува дека преговорите во Дејтон повремено личеле на сцените од култниот филм „Кум“.  Тоа била оценката на членовите на Советот за национална безбедност на САД. Генерал-полковникот Доналд Керик оценува дека преговорите за поделба на територијата во американската база Рајт Петерсон во Дејтон во 1995 година, биле убедливо најтешки и дека понекогаш личеле на сцените од филмот „Кум“, во кој преговараат две семејства – „Дон Слобо (Слободан Милошевиќ) и босанските Срби и Дон Изи (Алија Изетбеговиќ).

Тој оценува дека атмосферата во текот на тие преговори се движела од вжештеност, викање и конфликт, поради кои продолжувањето на војната било сосема извесно, до терање шеги и заеднички вечери на челниците на БиХ, Србија и Хрватска.

Деталните забелешки на Керик за маратонските преговори во Дејтон се обелоденети во неколку документи на ЦИА. Создадени се од 8 до 14 ноември 1995 година и од нив деновиве е симната ознаката тајност, пренесува Фама.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top