| четврток, 6 декември 2018 |

Прекари наместо имиња на НБА дресовите

„Black Mamba“ и „King James“. Ова наскоро би можеле да го прочитаме на грбот на Коби Брајант и Леброн Џејмс.

На официјалната интернет-страница на НБА лигата е потврдено дека одговорните луѓе ја разгледуваат можноста на играчите во најсилната кошаркарска лига на светот да им се дозволи на местото на презимето, на дресовите да го носат својот прекар.

Сепак, треба да нагласиме дека во оваа револуционерна приказна засега се вклучени само екипите на Мајами „Хит“ и на Бруклин „Нетс“.

melo

„Со овој потег би докажале дека се прилагодуваме на случувањата околу нас. Ние и натаму сме деца, играме детска игра. Секој од нас има некој прекар и ова би било начин јавноста да дознае нешто за тоа“, вели ѕвездата на Мајами Реј Ален, кој го нарекуваат Исус Шатлсворт, по јунакот од филомот „He got the game“.

Леброн Џејмс нормално во тој случај би го одбрал прекарот „Крал Џејмс“, а Двејн Вејд „Флеш“. Кошаркарот на Бруклин Пол Пирс е познат и како „Вистината“, а Кевин Гарнет „The big ticket“.

kobe

Од играчите во преостанатите тимови, Коби Брајант е „Црна Мамба“, Кармело Ентони едноставно „Мело“, Андреа Барњани е „Ил Маџио“, Чонси Билапс е „ Mister Big Shot“, Глен Дејвис е „Big Baby“, Кевин Дурент е „Дурантула“, Тим Данкан може да избира меѓу „Слем Данкан“, „ТД“ и „Тими Ди“, Кенет Фарид е „Manimal“, а Двајт Хауард можеби би напишал „Супермен“, доколку му дозволи Шекил О’Нил.

Интересно е за кој прекар ќе се одлучи Мета Ворлд Пис. Листата на кошаркарот кој порано се одзиваше на името Рон Артест е бесконечна, а доколку овој предлог биде прифатен, нема сомнежи дека  дополнително ќе ја разбуди имагинацијата на играчите, навивачите и на медиумите.

durantulla

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top