Новиот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл, ќе ја изнајми куќата на Кака во Мадрид за 10 илјади фунти месечно.
Велшанецот ќе се пресели во ексклузвниот крај, а таму, покрај тоа што му се соиграчи, комшии ќе му бидат Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Икер Касилјас и Серхио Рамос.
Куќата, која е дизајнирана од реномираниот архитект Хоакин Торес, е проценета на 6,5 милиони евра. За тие пари добивате куќа на два ката, гаража за шест автомобили, внатрешен базен, теретана и неколку тераси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.