| четврток, 6 декември 2018 |

Се сврши Стојне од „К-15“

Стојне Стојанова, која е дел од скечевите на познатата дружина на „К-15“, се сврши со својот сограѓанин, струмичанецот Дејан Карадакоски. Иако биле школски другари, љубовта на Стојне и Дејан почнала кога и двајцата се пријавиле на аудицијата за потрага на нови таленти на продукцијата „К-15“.

– Клекна и со свршенички прстен ме побара за жена, а јас во стилот на К-15 му одговорив дека прифаќам, ама кога ќе се крои семејниот буџет да има пари за педикир, манакир, фризер и сѐ друго. Нормално дека прифатив бидејки со Дејан сме подолго време заедно и сме многу вљубени – изјави Стојне за „Вест“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top