| четврток, 6 декември 2018 |

Иско е добар, но не е како Зидан

Летното засилување на Реал Мадрид, шпанскиот младински репрезентативец Иско, ги воодушевува симпатизерите на „кралскиот клуб“ со своите феноменални игри. Тој досега постигна пет гола на шест натпревари.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофали шпанскиот репрезентативец, но не сака да го спореди со Зинедин Зидан.

– Иско сѐ уште нема одиграно толку натпревари како Зидан. За него е добро да го споредуваат со играч каков што беше францускиот интернационалец. Кога е во прашање квалитетот, Иско е блиску до Зидан. Разговаравме за негом Зинедин кажа дека Иско може да го престигне ако продолжи со добрите игри – потенцираше Анчелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top