Во генералното собрание на ОН, министрите од 113 земји – членки потпишаа декларација со која се обврзуваат на елиминирање на сексуалното насилство и судирите.
Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, изјавил дека со декларацијата се забранува во рамки на мировните договори да се амнестира сексуалното насилство и да се овозможи осомничените за вакви дела да бидат уапсени било каде во светот.
Документот бара усвојување на нов Меѓународен протокол 2014 година, кој би обезбедил дека собраните докази за сексуално насилство ќе бидат употребени пред судовите.
Оваа иницијатива е покрената уште во мај 2012 година, инспирирана од страшните приказни за силувањата при воени конфликти, особено по војните на Балканот при распадот на Југославија.
Според Хејг, оваа декларација е пресвртница во борбата против не казнување на извршителите на овие ужасни воени злосторства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


