Првиот човек на Европскиот стабилизациски фонд, Клаус Реглинг, смета дека Грција е „најтешкиот случај“ меѓу земјите погодени од должничката криза и ќе и биде потребен трет пакет за спас.
Во обраќање пред Комисијата за економски и финансиски прашања на Европскиот парламент, Реглинг изјави дека по завршувањето на вториот пакет за спас, на Грција ќе и биде потребна дополнителна помош.
Оваа изјава на Реглинг е спротивна од ставот на раководителот на Европската централна банка, Маруио Драги, кој пред два дена рече дека засега е рано да прогнозира дали на Грција ќе и биде потребен трет пакет со помош.
Со двата досегашни пакет за спас на Грција и беа доделени позајмици во висина од 250 милјарди евра.
Реглинг оцени дека реален проблем со кој се соочува Грција е „бегството на компаниите“, но изрази надеж дека тој ќе биде надминат со подобрувањето на економската ситуација во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


