| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот суд денеска решава за екстрадицијата на Миле Хаџиски на Македонија

mile hadziski

За Зоран Томовиќ или Миле Хаџиски, за кој постојат сомневања дека е припадник на организираната криминална група „Пинк Пантер“, судот од Ним решава дали ќе им биде испорачан македонските власти.

Одлуката за испорачување на Македонија беше одложена на расправата што се одржа на 28 август, кога судот реши да не го испорачува на Швајцарија. Судот се спротистави на барањето на Швајцарија за екстрадиција поради тоа што тој имаше француско државјанство во моментот на делата за кои е обвинет.

Зоран Томовиќ или Миле Хаџиски во Македонија е осуден во отсуство на 20 години затвор поради убиство на својата девојка Мери Јошевска во 1993 година.

За разлика од делата за кои го товари Швајцарија, во случајот со Македонија тој во моментот немал француско државјанство.

Францускиот суд денеска треба да се изјасни и за барањето на Хаџиски за пуштање на слобода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top