Голем број грчки медиуми отстапуваат значителен простор за интервјуто на потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска дадено за грчката верзија на „Еуроактив”, во кое што таа го обвинува македонскиот премиер Никола Груевски дека не сакал да го реши проблемот што Атина го има со нашето уставно име
„Њузгет”, „Тромактико”, „Ду.гр”, „Аксортагос”, „Пало”, „Њузнау”, „Едисис”, „Зугла”… се само дел од оние што го пренесуваат интервјуто на Шеќеринска, во кое што таа на нивно огромно задоволство, жестоко го напаѓа македонскиот премиер.
Под насловот „Груевски го користи името за да создава внатрешни непријатели”, гореспоменатите медиуми и портали ја цитираат Шеќеринска: „Опозицијата го критикува премиерот Груевски дека тој се фокусира на тоа преку прашањето за името да создаде внатрешни непријатели, наместо да се труди да ги реши нашите билатерални проблеми “, се вели во текстовите на грчките медиуми, пренесува Нетпрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Шекеринска и денес се гости во елитен ресторан на државна сметка (ФОТО)
-
Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година
-
Шекеринска доделила 650.000 на невладините на министрите Шапуриќ и Ахмедовски



