| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на жртви по земјотресот во Пакистан: до сега пронајдени 208 мртви тела

pakistan zemjotres

Расте бројот на жртви во силниот земјотрес во Пакистан. Според последните информации, загинале најмалку 208 луѓе, а 382 се повредени. Од агенциите стигнуваат информации за уништени цели села, а речиси 90 проценти од куќите во ренот Аваран изградени од цигли и кал биле уништени.

Потресот беше со јачина од 7,7 степени според Рихтер со епицентар во југозападната провинција Балуџистан, а се почувствува и во Иран и Индија. Бројот на настрадани се уште не е конечен, а спасувачите операции се во тек.

Според информациите на ОН, во оваа област живеат околу 61.000 луѓе во радиус од 50 километри околу епицентарот на земјотресот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top