| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите тврдат: Каналот Дунав- Морава- Вардар е исплатлив проект

kanal

Првичните резултати од студијата за канало5 Дунав- Морава- Вардар покажуваат оправданост за реализација на проектот, соопшти Републичката агенција за просторно планирање во Србија.

Според директорот на агенцијата, кинеските експерти кои ја работеа студијата, за неколку недели требало да ги достават официјалните резултати до владата на Србија.

– Претседателот на Србија Томислав Николиќ при неодамнешната посета на Кина доби од домаќинот краток извод од студијата за оправданоста за изградба на каналот Морава, која ја изработува кинеската државна компанија „Чајна гезуба корпорејшн“ и очекуваме во најскоро време , кое се брои во недели, таа студија да ни се испорача, изјавил директорот на агенцијата.

Според првичните проценки на студијата, изработката на каналот би чинела неспоредливо помалку од тоа што до сега можеше да се чуе во јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top