Актерот е во врска со млада русокоса, иако сè уште не е разведен, пишуваат странските медиуми.
Актерот Арнолд Шварценегер се раздели од сопругата Марија Прајвер после 25 години брак, затоа што наводно на домашната помошничка ѝ направил дете. Двојката која има четири деца, сè уште не е официјално разведена, а последните месеци се појавија гласини дека сепак ќе останат заедно.
Но, неодамна Шварценегер е „фатен“ со новата девојка Хедер Милиган, која е физикален терапевт од Калифорнија. Тие се видени како се држат за раце и бакнуваат на улиците на Санта Моника.
Во јануари месец, поранешниот гувернер на Калифорнија изјави за германскиот весник „Билд“ дека сè уште ја сака поранешната сопруга, како и тоа дека таа секогаш била феноменална кон него.
„Го уништив односот кој најмногу го сакав, затоа што бев глупав и непромислен. Сакам повторно да го изградам тој однос“, изјави тогаш актерот, но изгледа тој став не го задржа долго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.